Услови за нарачување
Лекторска редакција: 12.10.2026
Преднарачка на издание во подготовка
Формата испраќа барање за резервација на печатени книги. Не се бара уплата и не настанува обврска за купување со самото поднесување. Автоматската потврда значи дека барањето е зачувано.
Цени и испорака
Една книга: 1.200 денари. Комплет од сите три: 3.000 денари. При избор на повеќе примероци износот се пресметува според количината. Доставата се наплаќа дополнително и ја организира продавачот рачно. Нејзиниот трошок, рокот и достапноста на книгите ќе се договорат со вас пред конечната потврда. Плаќањето е при подигнување.
Потврда и откажување
Ќе ве контактираме на внесениот телефон. Можете да ја измените или откажете преднарачката без трошок пред конечната потврда. Нема да се испраќаат книги без договор за целосната цена и рокот. Податоците за продавачот и конечните услови за продажба ќе ви бидат доставени пред да прифатите конечна нарачка.